Заев за Ал Џезеира Балканс: Над 100.000 непозтоечки гласачи во Избирачкиот список (ВИДЕО)
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за емисијата „Контекст“ на Ал Џезеира Балканс најавува дека нема никакви шанси опозицијата да излезе на изборите на 24 април.
Две се клучни причини за ваквата најава, објаснува Заев. Прво е избрачкиот список кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по два пати, а такви според информациите кои ги има опозицијата се над 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април. Според Заев потребни се повеќе од сто дена, што значи дека изборите би биле на почетокот на летото.
-Се надеваме дека нема да има потреба за бојкот на изборите, знаат и малите деца дека не може да се исполнат условите до 24 април — прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Но, ако има избори на 24 април опозицијата сигурно опозицијата нема намера да телевизија да ги гледа изборите, рече Заев.
Водителката Мирјана Хрга ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ кои повторно одбиле да учествуваат во емисијата иако неколку дена контактирала и чекала одговор од партијата.
Видеото погледнете го на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=9djqAmE9Fxk