Жестоката расправа за универзитетот „Дамјан Груев“ ќе завршеше со тепачка
Тензичната атмосфера кулминираше во моментот кога претседателката на комисијата сакаше да го стави на гласање предлогот за временско ограничување на дискусиите по примерот на оние од пленарните седници, јави Телма.
Според Горан Сугаревски од СДСМ, чија пратеничка група заедно со останатите од опозицијата поднесоа 980 амандмани по предлог законот за формирање на новиот универзитет “Дамјан Груев” ваквиот чекор е спротивен на деловникот и законот.
Сакате да ја блокирате комисијата, додека наша единствена цел е да се обебеди конструктивност, одговори Илиоски од ВМРО ДПМНЕ . Според него, во деловникот не пишува дека е забрането комисјата со мнозинство гласови да се договори како да работи
Опозицијата не се согласи со ова образложение.
Реaгираше и прaтеничката Роза Топузова Kаревска, но поради сосема поинаква причина. Не се запазува процедурата кој може да дава процедурална забелешка, рече Каревска која укажа и на други пропусти
Формирањето на универзитетот “Дамјан Груев” треба да биде една од точките на седницата во понеделник.
Опозицијата ја обвини власта дека нема елаборат за потребата од негово основање и дека има дуплирање факултети кои единствено ќе служат за вдомување на кадрите на ВМРО ДПМНЕ.