Се преврте бугарски автобус кај Крива Паланка
Објавено на 3 февруари, 2016 во 09:45
Пет лица се тешко повредени, а 26 други се со полесни повреди, откако бугарски автобус се преврте синоќа на автопатот меѓу Крива Паланка и Ранковце во Македонија.
Бугарскиот возач Љубомир И. Лазаров (48) синоќа околу 22 часот, изгубил контрола врз автобусот кој го возел, а во кој имало 43 патници, по што возилото излетало од магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце. Автобусот удрил во дрво, а од ударот потешко се повредени пет патници, додека 26 се задобиле полесни повреди.
Полицијата утринава извести дека сите повредени биле пренесени на лекување во болницата во Крива Паланка, но ниту еден од нив не е во животна опасност.
За време на инцидентот во него патувале 43 патници.