Временска прогноза
Објавено на 1 февруари, 2016 во 06:34
До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Во вторник и среда, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса во четврток и ноќта према петок ќе предизвика повремени врнежи од дожд а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува умерен повремено и засилен северен ветер.
Денеска: Претежно сончево и топло, во западните делови променливо облачно со умерен ветер од северозападен правец. Teмпература до 18 степени.