Временска прогноза
Објавено на 27 јануари, 2016 во 06:44
Следува период на стабилно и потопло време. До петок ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.
Денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 10 степени.