Алсат М во Пустец: Средба со гласачите со македонски лични гласачи
Добредојдовте во општина Пустец. Ваков срдечен поздрав има на влезот на селото за сите добронамерници кои решиле да ги посетат Македонците во Албанија. И екипата на Алсат Мвчера беше во селото кое навистина е запустено, но кое крие приказни кои ќе се раскажуваат со години и децении.
Кога влеговме во Пустец, веднаш се расчу дека во селото дошле новинари. Но, селаните беа љубезни и сите со кои застанавме да разговараме, не бегаа ниту од камерата, ниту од прашањата. Во селото има околу 1000 жители, од кои 98 проценти етнички Македонци.
Прв на кого налетавме беше Чичко Спиро. Има уште три години до пензија, па сега мака мачи да преживее. Цел живот живее во Пустец, ама тој гласа и во Македонија. Пред три години лична карта му издале во Ресен, а гласал во Кичево. Зошто таму, не знае.
И неговиот имењак Спиро Танасиј гласал на локалните избори пред три години. Ама тој не добил прекоманда никаде. Личната карта и нему му била дадена во Ресен, а таму и гласал.
Селаните од Пустец станаа граѓани и скопски фаци за време на локалните избори. Најголем дел од нив гласаа во општина Центар. Жителите кои доаѓаат од местото во кое времето како одамна да застанало одлучуваа за новиот изглед на македонската метропола.
За сите нив, освен градоначалникот Едмонд Темелко и премиерот Никола Груевски, други политичари како воопшто и да не постојат. Зборот на Темелко е неприкосновен, а Груевски е за нив е најголемиот патриот.
Извор: Алсат М
Видеото од прилогот погледнете го ТУКА.