Временска прогноза
Објавено на 13 јануари, 2016 во 06:44
Денеска во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Температурата до 10 степени.
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.