Вајгл, Ховит и Кукан денеска со оценки за средбите во Скопје
Објавено на 12 јануари, 2016 во 08:23
Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан по вчерашните средби со претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА најавија дека на денешната прес конференција ќе ги кажат нивните оценки за спроведувањето на овој договор.
Тројцата европратеници денеска треба да имаат средба во ДИК, а исто така треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева.