Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

EK fin

27.08.2020

Европската Комисија очекува добра соработка со новата влада во Северна Македонија и посветеност кон ЕУ агендата, изјавија денска од оваа институција.

На новинарско прашање дали Европската Комисија навремено ќе го објави прогрес извештајот за Северна Македонија и дали ќе можат да започнат преговорите за членство во ЕУ, портпаролката на Европската Комисија не беше во можност да даде прецизен одговор засега.

– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во Северна Македонија и да продолжиме да ја следиме стратегијата за интеграција во ЕУ, ќе продолжиме исто така да работиме со владата во борбата против пандемијата од Ковид-19, изјави заменичката на портпаролката за проширување.

Таа додаде дека Европската Комисија исто така очекува од новата македонска влада посветеност кон остварување на ЕУ реформите, посебно во делот на ЕУ законодавството.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново