Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Најголем дел, околу 90 отсто од барањата и од препораките на граѓанскиот сектор од Балканот се прифатливи, само треба да се најде начин за нивна имплементација, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Трст, откако присуствуваше на средбата меѓу претставниците на граѓанскиот сектор и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан. На средбата шефот на македонската дипломатија ги охрабри граѓанските организации и иницијативи да ја критикуваат власта.

По вчерашниот целодневен Форум на цивилното општество, барањата на министрите и на еврокомесарот им ги презентираше Срѓан Сушиќ, консултант на германската фондација „Хајнрих Бел“, која е коорганизатор на настанот.

Министрите, меѓу кои и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, позитивно реагираа и побараа од граѓанскиот сектор уште поактивна улога. Димитров ја истакна улогата на невладиниот сектор во неодамнешната криза во Македонија, оценувајќи дека таа помогнала во евроинтеграциските процеси.

- Желбата на регионот е да влезе во ЕУ. Веќе изгубивме многу време и крајно време е да ја завршиме работата. Критичкиот однос е многу важен и затоа немојте да се двоумите дали да нè критикувате - изјавил Димитров.

Препораките се однесуваат на демократските процеси, владеењето на правото, деловното опкружување и иновациите, енергијата и климатските промени и слободата на говорот и улогата на медиумите, што беше посебно нагласена од еврокомесарот Хан, како многу важен услов за евроинтеграциите и како критична точка во регионот.

- Медиумските слободи можат да бидат унапредени само доколку создадеме медиумски пазар и со тоа да им овозможиме на медиумите да не бидат зависни од финансиска помош - оцени Хан.

Третиот Форум на цивилното општество од Западен Балкан, на кој учествуваа и претставници од Македонија, беше замислен како претходница на денешниот самит во Трст. Шефовите на дипломатиите и премиерите на Македонија, Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово и на Србија треба да ги земат предвид барањата на граѓанскиот сектор, кој од страна на ЕУ е оценет како значаен фактор за побрза евроинтеграција и е составен дел од Берлинскиот процес.

Состанокот на Западен Балкан со ЕУ завршува вечерва, со заедничка декларација и со одлуки кои ќе бидат сериозно придвижување кон регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциските процеси.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново