Сообраќајка во тунел Катланово се вози по една лента
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Велес – Скопје, пред тунелот во близина на Катланово, се одвива во една коловозна лента.
Граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај, поради штрајк на грчките земјоделци. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.
Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Лисец-Попова Шапка-Лисец.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Регионалниот пат Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај.
Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.
Денес времето ќе биде претежно облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и в петок претпладне.
Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.