Брисел стравува дека изборот на Трамп ќе ја направи работата потешка
Објавено на 9 ноември, 2016 во 08:36
Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ќе ja направи работата на ЕУ потешка, прогнозира претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, цитиран од Ројтерс. “Треба да гo почитуваме идниот претседател на САД. Се надевам дека ќе најдеме начин да соработуваме “, рече Шулц за радио” Европа 1 “.
ЕУ и САД ќе продолжат да работат заедно, напиша на “Твитер”, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во првата реакција на резултатите од американските претседателски избори.
Извор: Локално