Пописот и избирачкиот список не одат едно без друго
За сосема чист избирачки список е неопходен попис, тврди поранешниот директор на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски. Разликите, вели, се големи меѓу бројот на населението во земјава и бројот на избирачи, јави Телма.
Поради нефункционирањето на институциите, не се знае точно ниту колкумина од тие што работат подолго време во странство имаат лични карти овде.
Герасимовски смета дека тие што се надвор подолго од една година, треба да се извадат од избирачкиот список и да се стават на посебниот список за дијаспората. На дебатата на оваа тема, беа присутни и од невладината МОСТ кои, поради обемноста на процесот и нејаснотиите во законот, не сакаат да шпекулираат со рокови, до кога би можел да се прочисти списокот.
Но, апелираат до сите партии, да бидат објективни и да им дозволат на ДИК, да ја спроведат работата како што треба.
Алексов укажува дека се работи за огромно количество на податоци кои треба да се стават на една линија за да може да се вкрстуваат. Станува збор за над 100 бази на податоци со над еден милион досиеја за секој граѓанин посебно.