Ладни утра со минусни температури во Македонија
Утрово во седум часот беа измерени температури во: -7 Берово, -4 К. Паланка, Маврово, -3 Тетово, Лазарополе, -2 Скопје – Петровец, Крушево, Прилеп, -1 Скопје – З. Рид, Куманово, Претор, 0 Дебар, Виница, Штип, Охрид, Д. Капија, 1 Струмица, 2 Гевгелија, 3 Дојран.
Во поголем дел од земјава времето е сончево со мала до умерена облачност, освен на југоисток каде утрово е облачно. Дува слаб до умерен јужен ветер.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Скопје: Слично со Тмакс=11 степени.
До вторник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во среда, особено во западните делови, каде на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег. Во среда попладне и во четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.