Хан, Вајгел, Кукан и Ховит во Брисел разговараа за Македонија
Објавено на 3 февруари, 2016 во 16:38
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретнал со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, со кои разговарал за политичката ситуација во Македонија.
Хан на својот официјален твитер-профил сподели слика од средбата и напиша: „Состанок за Поранешна југословенска република Македонија со европарламентарците, Кукан, Вајгл и Ховит“.
Тројцата европратеници и eврокомесарот посредуваа при составувањето и при потпишувањето на Договорот од Пржино за излез од политичката криза.
Хан пред две недели соопшти дека ќе ја посети Македонија во средината на февруари и потсети дека конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори.
Извор: Локално