Укината забраната за тешки товарни возила кај Маврово
Во 07.45 укината е забраната за тешки товарни возила што беше воведена во Маврово.
На патниот правец Велес – Гевгелија, кај клучка Смоквица, денеска ќе има геодетско снимање од страна на ГЕИНГ во период од 08.00-14.00 часот,за што ке биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ве известуваме и дека согласно на Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год. ,11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково- Штип, од km. 217+818 до km. 219+918, дека од 15.01.2016 година од 08.00-16.00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
Слаб снег провејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, Павлешенци, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри има на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.