mmf fin

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот ковид-19, соопшти Народната банка.

bimilk fin

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесе кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД 19.

evra fin

2.04. 2020

Три сценарија подготви државата за справување со последиците предизвикани од коронавирусот во економијата. Основите сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно предвидуваат пад на вкупните приходи од 20 отсто до 40 отсто на консолидираниот буџет во однос на планот, односно од најмалку 700 милиони до 1,3 милијарди евра.

svetskiberzi fin

30.03.2020

Земјотресот на светските пазари на капитал и стоки, заради пандемијата на коронавирусот, трае веќе три месеци и ја предизвика, веројатно, најразурнувачката распродажба на активи уште од Големата депресија. Бројките се запрепастувачки, наведуваат британските медиуми.

NBM fin

28.03.2020
Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се коментираат девизни курсеви на онлајн-платформи, би сакале да укажеме дека овие онлајн-платформи не се релевантен извор за следење на вредноста на денарот. Објавите на овие онлајн-платформи не произлегуваат од реално тргување со валути. Единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ние како централна банка ја објавуваме на нашата веб-страница –www.nbrm.mk. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар. На курсната листа којашто е во важност и во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари, се вели во соопштението од Народна Банка.

pari fin

28.03.2020

Одложување на отплатата на обврските по кредитите до шест месеци, понудија банките и штедилниците за граѓаните поради кризата, а олеснувања за отплата најавуваат и нефинансиските друштва и за оние граѓани што имаат брзи кредити.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново