Како што предвидеа експертите, се случија големи потреси на финансиските берзи. Шредупредувањето гласеше дека гласањето за излез од ЕУ може сериозно да ги загрози изгледите за раст на Велика Британија и може да доведе до девалвација на фунтата и до 30%.

Во првите две години од либерализацијата на пазарот државните претпријатија купиле струја за 18,2 милиони евра од вкупно 4 приватни снабдувачи, при што 89% купиле струја од истите две компании – Мист Енерџи и Фјучр Енерџи, го објави Призма истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Британците кои наскоро планираат да патуваат во странство на големо купуваат странски валути бидејќи владее несигурност по прашањето за текот на фунтата во очи на референдумот за излез на Британија од Европската унија, пишува британски Гардијан.

Не запре трендот на намалување на депозитите и во мај. Народната банка регистрираше и пад кај кредитирањето. За еден месец депозитната база се намалила за скоро 22 милиони евра а кредитната изложеност за речиси 7 милиони евра. На страната на кредитирањето, особено изразено намалување има кај приватниот сектор, односно кај компаниите.

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка, пишува Мета.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2016 година изнесува 22.356 денари и бележи раст од 2,8 отсто во однос на април 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново