40,1 отсто од вкупните државни потреби за енергија, лани, обезбедени од домашни извори
Објавено на 20 октомври, 2020 во 15:46
20.10.2020
Во текот на минатата 2019 година 40,1 отсто од вкупните потреби на енергија во земјава се покриени од домашно производство.
Податоците што ги објави на Државниот завод за статистика говорат за вкупно бруто-примарно производство на енергија во 2019 година изнесува 1.128.759 toe (еквивалент на енергија на тон од нафта) или 40,1 отсто од вкупно потребната енергија која изнесувала 2.814.316 toe.
Минатата година најголеми потрошувачи на енергија биле сообраќајот со 39,3 отсто, домаќинствата со 23,8 и индустријата со 22,4 отсто од расположливата финална потрошувачка.