Прифатени приговори од 5.000 средношколци и студенти, платежните картички ќе се печатат
13.07.2020
Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил објави дека прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години.
„Овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат,стои во објавата. Проверка на сите поднесени приговрои од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори.Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори, напиша министерката.До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори“, напиша Ангеловска.