Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

angeleska fin

31.05.2020

Корисниците на платежните картички од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, гласи уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници. Тие ќе можат да се потрошат на купување на македонски производи и на услуги од локални компании.

Деловните банки, откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрлат парите на граѓаните на нивните сметки. Доколку до 31 јули парите не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет..

Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години ќе добијат износ од 3.000 денари. Здравствените работници-кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 проценти од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.

Од „Македонски производи“ кои ќе може да се купуваат ќе бидат забранети само алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун. Генералниот секретаријат на Владата во наредните пет дена, односно веќе следната недела на деловните банки со кои ќе биде постигнат договор ќе им биде доставена конечната листа на корисниците за на истите да им бидат изработени платежните картички.

Истовремено конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка ќе биде објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Секој корисник ќе треба да потпише согласност кај деловната банка, а тоа самостојно ќе можат да го направат и малолетниците кои имаат лична карта или пасош. Корисниците внесувајќи го својот матичен број на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол ќе може да проверат во која банка издавач ќе му биде издадена платежната картичка и висината на финансиската поддршка.

Банката издадената платежна картичка ја доставува на адресата на живеење на лицето корисник на финансиска поддршка од листата преку пошта. За лицата кои имаат блокирани сметки, банката ќе отвори посебна сметка.

Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници. И во оn-line продажбата ќе мора посебно да се издвојат и истакнат македонските производи и услуги. Во спротивно ќе седува глоба во износ од 100 до 500 за микро трговец, од 300 до 1.000 евра за мал трговец, од 1.000 до 3.000 евра за среден и гоем трговец. Казни од 100 до 500 евра ќе има и за одговорните лица.

Со картичките ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, во трговијата на мало, во аптеките, туристичките агенции, на тезгите и пазарите, фризерските салони и слично.

Исто така Министерството за труд и социјална политика утрово објави дека работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година. Според МТСП податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во изминатиов период на голем број од невработените им бил прекинат работниот однос врз основа на потпишана спогодба, отказ или лична изјава. Со новата уредба, сите тие добиваат право на паричен надоместок.

Во Уредбата е предвидено паричниот надоместок да се исплатува во висина од 50% од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец. За да добие паричен надоместок, невработеното лице треба да достави барање во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на новата Уредба, до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново