Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pari fin

28.03.2020

Одложување на отплатата на обврските по кредитите до шест месеци, понудија банките и штедилниците за граѓаните поради кризата, а олеснувања за отплата најавуваат и нефинансиските друштва и за оние граѓани што имаат брзи кредити.

По донесувањето на Уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите, донесена со цел надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација, сите банки подготвуваат услови што ќе им понудат на своите клиенти, дел од нив веќе ги објавија, а дел чекаат да се објави уредбата во Службен весник, а потоа да ги објават деталите. Упатуваат дека за физичките лица понудата ќе биде објавена на нивните веб-страници.

Од НЛБ банка понудата е одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година. На клиeнтите им се нуди и опцијата рефинансирање на постојните кредити, одобрување нови кредити со можност за користење грејс-период или редовна отплата на постојните кредити по избор на клиентот.

За правните лица имаат неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно. Одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.9.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите што се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

Шест месеци одложување на наплатата на ненаплатени кредитни обврски за кредитните производи на физичките лица нуди и Халкбанк. Одлуката на оваа банка е оваа можност да им ја понуди на сите физички лица, клиенти на банката, кои по која било основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на 29 февруари 2020 година. Одлагањето се однесува на отплата на кредитните обврски за кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка за период од шест месеци и продолжување на рокот на крајното достасување на обврските за дополнителни шест месеци.

Ваквото одложување може да го користат сите што немаат нефункционални кредити, заклучно со 29 февруари 2020 година, а редовната камата што ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде достасана на крајот на грејс-периодот и ќе биде договорно регулирана.

Сите што не ја прифаќаат понудата за одложување треба да ја информираат банката за тоа, доколку не комуницираат со банката и не се изјаснат негативно на оваа понуда, таа ќе се смета за прифатена.

Мерката за одложување важи до 30 септември 2020 година.

Од новонастанатата ситуација предизвикана на коронавирусот се засегнати и имателите на брзи кредити од финансиските институции, од каде најавуваат дека се подготвени да излезат во пресрет на потребите и барањата на клиентите.

– Во исклучително тешки околности во економијата предизвикани со пандемијата од Ковид-19, имајќи предвид дека нашите клиенти се соочуваат со тешкотии за исплата на кредити, членките на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија се подготвени да излезат во пресрет на потребите и барањата на клиентитe кои се соочуваат или во иднина ќе се соочат со тешкотии за отплата на своите обврски по кредити, велат за МИА од Асоцијацијата.

Оттаму посочуваат дека во тек е подготовката на услуги што ќе им обезбедат олеснување на околностите кај нејзините членки, а дека некои од нив веќе дале понуди за своите клиенти.

АФД ги повикува граѓаните и клиентите на финансиските друштва да ги ползуваат придобивките на дигиталните технологии со кои располагаат финтек-компаниите во нашата земја и да го преферираат дигиталниот начин на извршување на своите активности, а посетите на филијалите да ги сведат на минимум.

Посочуваат дека продолжуваат посветено да работат на испорачување на највисокото ниво на квалитет на услугите и корисничка грижа за клиентите, останувајќи одговорни кредитори и во овие отежнати околности за сите нас.

Од Иуте кредит наведуваат дека како финансиска институција што на прво место го става корисничкото право, овозможуваат одложување на уплатата на ратите за кредит. Ова, како што наведуваат за МИА, е регуларна услуга што ја нудиме и пред настанување на оваа несакана ситуација предизвикана од коронавирусот, што ги иницираше препораките на Владата кон деловните банки, кои, пак, се различно толкувани од јавност.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново