Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zaevgermanec fin

Пратеникот на Меркел, Валтер Дефа, носи драгоцени совети, но ја отвора и вратата за финансирање на крупни проекти. Списокот е долг и „тежи“ близу 5 милијарди евра, пишува Дојче Веле.

Економски развој без „билдање“ на јавниот долг. Ова е стратегијата на властите во Скопје која ќе се реализира со поддршка на Сојузна Република Германија. Енергетиката, инфраструктурата, екологијата, образованието се областите кои ќе бидат во фокусот на блиската соработка која ќе се операционализира преку заедничкиот управувачки комитет. Ангажирањето на специјалниот советник, пратеник на владата во Берлин, Валтер Дефа и формално го отвора патот за конкретизирање и унапредување на соработката. Во владата се оптимисти:

„Со господинот Дефа веќе го одржавме првиот состанок и разговаравме околу потребните реформи, како Северна Македонија да стане погодна земја за економски развој, за сите инвеститори, домашни и странски, како да го организираме претставувањето пред германските, но и останатите стопанственици од ЕУ. Како да се подобри соработката, не само во делот на привлекување на германските инвеститори, туку и наши производи повеќе да се извезуваат на германскиот, но и останатиот дел од пазарите во ЕУ“, објаснува за Дојче веле вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Советите и искуството на Дефа треба да помогнат за поефикасно искористување на европските фондови. Соработката со Берлин преку заедничкиот управувачки комитет пак треба да доведе до поволни извори на финансирање за клучните капитални проекти. Списокот е долг и многу скап:

„Ако сакаме да ги реализираме сите проекти кои се на нашиот список потребни се 4 до 5 милијарди евра. Затоа е многу важно да се обезбеди модел за нивна реализација без притоа државата дополнително да се задолжува. Со оглед на високата задолженост која ја наследивме од претходниот период и сите математики кои покажуваат дека нашата задолженост не може да оди над 60% од БДП, очигледно е дека државата сама нема да може да ги реализира сите проекти. Ние го одржуваме долгот околу 50% од БДП, или околу 5 милијарди евра, што значи и практично имаме простор за дополнително задолжување од околу една милијарда евра што е доволно, на пример, само за железницата кон Бугарија и новиот клинички центар“, објаснува Анѓушев.

Во вакви услови идејата е да се обезбеди поддршка преку приватна иницијатива, јавно приватно партнерство, но и директна кредитна поддршка која, според најавите, треба да биде под исклучително поволни услови:

„Во рамките на управувачкиот комитет ќе се насочиме кон дел од проектите кои се од интерес на државата и притоа ќе може да очекуваме евтино финансирање преку КФВ – Германската банка за поддршка на развојот и таму да можеме да се надеваме не само на евтини, туку и бескаматни кредити. Но не само како германски пари, туку и како модел на јавно приватно партнерство кој ќе биде воспоставен во економијата. Сѐ што може да се направи на овој начин за да може проектите побрзо да се реализираат. Инаку доколку државата реши сама да ги реализира, не само што ќе се зголеми задолженоста, туку ќе треба да поминат многу години, да се враќаат кредити, да се одложуваат проектите“, смета Анѓушев.

Првично во визирот се проекти од енергетиката, но и реализација на деценискиот сон за трамвај во Скопје. Тука се и автопатското поврзување со Косово, гасоводот кон Грција и многу други капитални проекти за кои допрва се разговара и ќе се утврдува динамиката на нивна реализација. Секако и преку искористување на европските фондови што се на располагање во периодот на претпристапните преговори со ЕУ. Клучно значење во целиот овој процес има и образованието кое преку моделот на дуално образование ќе треба да обезбеди соодветни, квалификувани кадри за потребите на домашната индустрија, но и за фабриките на странските инвеститори кои се очекува допрва да се множат, како последица на решавање на спорот со Грција и влезот на земјата во НАТО.

Германската поддршка за економски развој на Северна Македонија е иницијатива на сојузната канцеларка Ангела Меркел, која беше најавена при нејзината посета на Скопје, во септември минатата година. Пред доаѓањето на Валтер Дефа, беше формиран и заедничкиот управувачки комитет кој одржа и два состанока. Првиот во Скопје, а вториот неодамна во Берлин. Валтер Дефа е доктор по економски науки, работел во Европската комисија од 1983 до 2016 година. Меѓу другото, бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го водел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската комисија.

Извор: Дојче веле

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново