Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MK finМакедонија е една од најатрактивните дестинации за инвестирање во Централна и Источна Европа и е на пат за побрза интеграција кон ЕУ, според американскиот фонд за управување со средства „Итон Ванс“, пишува Блумберг.

„Итон Ванс“ е фонд за управување со средства од Бостон, кој има инвестирано околу 15 милијарди долари само на хартии со фиксен принос на земјите во развој. Оттаму велат дека ги преферираат хартиите од вредност на Македонија деноминирани во евра, бидејќи очекуваат Македонија да го следи истиот пат за интеграција кон ЕУ, како Полска, Унгарија и Словенија. Приносите на нивните обврзници паѓале во претходните две децении, како што овие земји напредуваа и на крај се зачленија во ЕУ, што предизвика „Итон Ванс“ да бара слични успешни приказни во порана фаза на развој.

– Нивното место е во ЕУ – рече Мајкл Кирами, ко-директор во „Итон Ванс“, во интервју на форумот „Еуромани“ во Виена.

На форумот учествува и министерот за финансии Драган Тевдовски. Кирани, исто така, ја пофали Македонија за прудентно управување со нејзиниот буџет.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата на „Еуромани“ истакна дека Македонија очекува значаен прилив на странски директни инвестиции, како што се придвижуваат евроатланските  интеграции. Исто така, се очекува Македонија да привлече повеќе финансиски инвеститори од странство преку развој на секундарниот пазар на обврзници.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново