Владата утре повторно ќе се задолжи за нови 813 илјади евра
Владата по четврти пат оваа година ќе се задолжи кај домашните кредитори. Станува збор за 813 илјади евра кои планира да ги обезбеди преку издавање на држави хартии од вредност . Висината на заемот што министертсвото за финасии ќе го побара во вторник од домашните кредитори, е идентична со сумата што достасува за враќање во среда за стари долгови. Дел од сумата ќе ја врати во мај годинава, а дел во 2026 година.
Од почетокот на годинава, владата одржа три аукции преку кои од домашните банки, пензиски друштва, фондови, осигурителни компании и други кредитори собра 32 милиони евра повеке од колку што бараше.
Последните податоци говорат дека вкупниот јавен долг за три месеци се зголемил за 283 милиони евра и на крајот на 2015 година изнесувал 4,2 милјарди евра.