Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bregalnica fin

Бела течност со неиспитани својства, според делчевските риболовци предизвикува сериозна опасност по животинскиот свет во река Брегалница во Делчево. Фотографии од глетката, како што тврдат самите риболовци, веќе се доставени до надлежниот инспекторат, од каде како одговор им било наведено дека не е забележан помор на риби и затоа не се во можност да излезат на терен.

-Испуштањето течност е забележано кај познатата делчевска млекара и како што може да се забележи на фотографиите прилично бргу истекува течноста. Не може со сигурност да потврдиме за колкава количина и за каква течност станува збор, но она што може да ги потврдиме дека оваа појава е доста честа. Од надлежниот инспекторат ни наведоа дека не е забележано угинување на рибниот фонд поради што немаа основ за излегување на терен и проверка на состојбат, велат делчевските риболовци.

Надлежните во споменатата млекара, за МИА истакнаа дека се работи за компромитирачки фотографии направени во понеделник, а објавени во среда. Околу тоа дали и каква течност се испушта не дадоа свој коментар.

Ова не е прв пат во Делчево да се забележи испуштање течност која директно се слева во река Брегалница во Делчево. Пред година ипол беше поднесена кривична пријава, до како што тогаш беше наведено, непознат сторител кој предизвика помор на риби во коритото на река Брегалница, но до ден денешен, како што тврдат риболовци судскиот процес против наводниот сторител сè уште трае.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново