Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Температурите во Софија, доколку продолжи емисијата на штетни гасови, до крајот на веков ќе се зголемат за 8,4 степени, а истото се однесува и за Скопје. Трет на листата е Белград.

Тропските горештини оваа година можат да бидат уште понеподносливи доколку не биде спречено глобалното затоплување, сметаат научници од американската независна организација „Climate Central“.

Посебно загрижува списокот на десетте градови, во кои летните температури постојано се зголемуваат и се прогнозира таквите тенденции да продолжат до 2100 година.

Првите три места на листата ги заземаат градови на Балканот.

Температурите во Софија, доколку продолжи емисијата на штетни гасови, до крајот на веков ќе се зголемат за 8,4 степени, а истото се однесува и за Скопје.

Трет на листата е Белград, за кој се предвидува зголемување на температурите за 8,3 степени.

Организацијата наведува дека во цел свет летните периоди стануваат многу потопли, а до крајот на векот ситуацијата ќе биде драматична доколку не прекине загадувањето на воздухот. Особено загрозени ќе бидат градовите чие население постојано се зголемува, па поради тоа температурите во нив би можеле да бидат за 7,8 степени потопли отколку во руралните области.

Моментно околу 54 отсто од населението во светот живее во градовите, а до 2050 година се очекува градското население да се зголеми за 2,5 милијарди жители.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново