Vanov1 fin

Петнаесет години мото клубот „Велес“ бара општината да изгради патека што освен за тренинг на моторциклистите кои се натпреваруваат во брзински или ендуро спортот на меѓународни трки низ Европа ќе им овозможи да бидат и домаќини. Предлогот за прв пат му бил соопштен во вториот мандат на Градоначалникот Аце Коцевски а по него и на Славчо Чадиев. Но, ниту еден од нив до денеска сериозно не пристапил на реализација на мото ендуро патеката на локација над Езеро Младост, вели претседателот на ова спортско граѓанско здружение Сашко Ванов.

rakomet fin

Програмата за активности во областа на спортот на Општина Велес за 2018 година располага со 5 милиони и 600 илјади денари за поддршка на спортските клубови. Од нив 1,5 милиони денари со одлука на Советот се определени за ГРК „Борец“. Секој месец по 125.000 денари се префрлаат на жиро сметката на клубот и веќе е префрлена јулската рата, рече денеска на прес конференцијата Градоначалникот Аце Коцевски како одговор на барањата што му ги испорачаа од ГРК „Борец“.

GRK Borec fin

На Градскиот ракометен клуб „Борец“ му треба градот, граѓаните и особено фирмите за да се одржи. Без финансиски средства во висина од 900 илјади денари, за да врати затекнати долгови, да исплати три плати на ракометарите и да се консолидира не ќе може да опстане. И покрај тоа што Општина Велес на жиро сметката на клубот секој месец префрла по 125 000 денари тоа не е доволно да се одржи клубот. За ГРК Борец играат само велешки ракометари кои чекаат плата што не може да се обезбеди. Ако во рок од седум дена Градоначалникот и градот не понуди решение за излез од кризата тогаш клубот за жал ќе мора да се затвори, рече на денешната прес конференција Извршниот директот Ристо Велковски пред присутните од Бордот на директори на ГРК „Борец’.

FSV1 fin

Откако се формираа Здруженијата на спортски ветерани во Скопје, во Велес, во Струмица, во Кочани и во Тетово како и иницијативни Одбори за формирање на здруженија во уште неколку македонски градови се исполнија условите за конституирање на Федерација на спортски ветерани на Македонија. Велес беше домаќин на конференцијата. Претставници од веќе формираните како и на иницијативните одбори за формирање на вакви спортски граѓански здруженија во градовите во државата го донесоа Статутот, Опреративна програма и Програма на Федерацијата на спортски ветерани на Македонија. Исто така ги донесоа одлуките со кои ќе се пристапи кон регистрација на граѓанското спортско здружение во Централниот регистер на Македонија, отворање на жиро сметка, потписници итн.

За првпат на Балканот, македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид. Од вчера 11.06.2018 па се до 15 јуни, на комплексот во куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

Македонија од месец јуни влегува во семејството на Реал Мадрид фондацијата како организатор на кампот „Campus Experience“. Компанијата „Спорт Арена“ доби можност да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience, a Кожувчанка ДОО се приклучи како поддршка на најдобриот фудбалски камп во светот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново