Игор Леовски беше избран во силна конкуренција затоа што сад себе има бројни постигнувања како дел од велешкиот фуд-сал клуб но и како фудбалер на македонската фуд-сал репрезентација. На спортската манифестација за избор на најдобрите спортисти и спортски клубови, што годинава се организираше по педесет и седми пат, за најдобра екипа беше прогласен фуд-сал клубот „Велес“.

Македонските кајакари на диви води настапија на отвореното првенство во Босна и Херцеговина кое се одржа изминатиот викенд . Учество земаа четворица кајакари поточно Љубомир Спасиќ, Атанас Николовски, Виктор Миланов и Христијан Игнатов.

Во вистинска арена ќе се претвори спортската сала „Гемиџии“ во Велес, во која во сабота професионални борци ќе си ги одмеруваат силите во девет атрактивни борби. На турнирот во борење ќе учествуваат професионални борци од Република Србска, Република Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Боите на нашата држава ќе ги бранат професионални борци од Скопје, Струга, Гостивар, Битола, Куманово, Штип и Велес. Борбите ќе се изведуваат по УФЦ правила, ќе траат по пет минути во две рунди а ќе се договараат според искуството и килажата на спортистите.

Сопственикот на велешката компанија Брако, Кочо Анѓушев од денеска го презема Фудбалскиот клуб Гемиџии кој во моментов се наоѓа во третата лига. Тој вели дека има сериозни намери клубот од третолигаш да го искачи во првата лига. Се договара и преговара екипата во која свој придонес ќе дадат и ветерани во фудбалот во Велес. Анѓушев се надева дека фудбалскиот клуб за три до четири години ќе стане стабилен прволигаш.

Репрезентацијата составена е од шест спортски риболовци кои утрово тргнаа од Скопје кон Пловдив за да ги брани боите на Македонија во лов на пливка. Тие се задолжени да покажат, најдобро што можат, како се лови риба на пливка и  да постигнат успех за две до три места повисок од претходното светско првенство. Тоа се спортските риболовци Филип Таушанов од Радовиш и Зоран Стојменовски од Куманово кои за првпат ќе се натпреваруваат во репрезентацијата заедно со стандардните и искусни спортски риболовци Зоран Кожурхаров, Тони Кокочевски, Горан Цуцулан и Марјан Ристиќ.

Оваа година по трет пат во водите на Езерото „Младост” ќе се одржи „Велешкиот пливачки маратон” на кој ќе бидат запазени сите пропозиции за одржување на манифестација од ваков вид.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново