Фудбалерите на ФК „Борец“ негативни на Ковид 19
Објавено на 29 мај, 2020 во 15:28
29.05.2020
По вчера земените брисеви, денеска, фудбалерите на велешки „Бирец“ и на Академија Пандев ги добија резултатите. Сите се негативни, објави Синдикатот на фудбалери на Македонија.
„Денес ги добивме резултатите од тестирањето на Ковид 19 од Фк Академија Пандев и Фк Борец. Добра вест е дека сите тестирани се негативни,и сите кои што работат во овие два клуба можат непречено да си ги извршуваат своите работни задачи, објави Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Ова нема да бидат единствените тестирања на коронавирус за фудбалерите пред да започне сезоната за која се почесто се пишува дека ќе стартува идниот месец./А.Ј