Тестирани на „Ковид 19“ фудбалерите, стручниот штаб и луѓето кои работат во ФК „Борец“
28.05.2020
По дезинфекцијата на просториите, теренот и справите за тренинзи под посебни услови како и вчерашното излегување на тимот на ФК „Борец“ на градскиот стадион „Зоран Паунов“ денеска во организација на СФМ и Аџибадем Систина спроведено е и тестирањето на фудбалерите на Ковид 19.
„Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на Фк Академија Пандев и Фк Борец и направени се тестови на сите играчи,стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови,“ објави на својата фејсбук страница Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Сега ќе се чекаат резултатите од тестирањето кое нема да биде единствено туку ќе се повторува и во текот на продолжувањето на фудбалското првенство во првата лига за што ФФМ веќе донесе одлука и се очекува да започне во месец јуни, годинава./У.Ј