Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

novinaristadion fin

Во наредните осум месеци, со можност изведувачите и побрзо да ги завршат градежните работи, денеска започна реконструкцијата на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Со 12 милиони и 200 илјади денари, со вклучен ДДВ, средства што ги обезбеди државната Агенција за млади и спорт целосно се реконструира внатрешноста, од под до покрив, се предвидени молеро - фарбарски работи, потоа сма на покривот на кој треба да се постави нов систем за користење на соларна енергија што ќе обезбедува доволна количина на топла вода во бањите, се реконструира фасадата на зградата во која се сместени соблекувалните и канцелариите на ФК „Борец“ и ЖФК „Борец“, со замена и на прозорците и вратите за да му се обезбеди енергетска ефикасност на објектот.

zgrada fin

Од објектот до влезот на стадионот е предвидено да се постави заштитна настрешница, според меѓународните стандарди, како и да се реконструираат гостинските трибини кои се наоѓаат од двете страни на влезот на спортистите на стадионот од под заштитната настрешница, во должина од 60 метри. Реконструкција во должина од 30 метри е предвидена и за трибината на навивачката група „Гемиџии“.

stadion fin

Стадионот ќе добие и нови две платформи за снимање на фудбалските натпревари.

Со реконструкцијата се предвидува изведба на бунар со машинска опрема и систем за полевање, реконструкција на старата зграда на крајот од западната трибина со изведба на тоалети за публиката и оградување со метална ограда на северниот дел на стадионот.

Kocevski Kaevskifin

-Сакам да се заблагодарам на сите вклучени луѓе во проектот, градоначалникот на Велес, Советот на Општина Велес и вработените во општината за максималната поддршка како еклатантен пример на партнерско спроведување на проекти на локална и централна власт кога на крајот добиваме проект за сите граѓани. Се надевам на соработка на големи проектни и во иднина со Велес, се со цел да ги стимулираме и мотивираме младите да спортуваат, да го засакаат спортот, да го практикуваат а ние да создадеме услови пред се во спортската култура, рече Дарко Каевски директор на Агенција за млади и спорт.

Тој ги повика велешани будно да го следат процесот на реконструкција на градскиот стадион за да се овозможи што поголема транспарентност и инклузивност.

Градоначалникот Аце Коцевски се заблагодари на поддршката од страна на Агенцијата со што на велешкиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ по реконструкцијата ќе може да се играат значајни меѓународни натпревари.

-Во следна фаза ќе остане да го решиме проблемот со осветлувањето на стадионот, со рефлекторите за да може да се одржуваат тренинзи и натпревари, во ноќни услови како и да се реши состојбата со разградениот потпорен ѕид од влезот на стадионот, покрај пешачката патека, до гледалиштето за да не се случат несакани последици. Ќе продолжи нашата добра соработка со Агенцијата за млади и спорт во интерес на граѓаните на Велес, додаде Коцевски.

bager tabla fin

Според очекувањата реконструираниот градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“ љубителите на спортот ќе треба да го имаат на почетокот на наредната фудбалска сезона./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново