Ултрамаратонците Поп Ацев прв и Илиевски втор на Меѓународниот Велешки пливачки маратон
Објавено на 15 септември, 2019 во 13:10
Светскиот првак во Ултра маратон Евгениј Поп Ацев ја исплива маратонската трка на 10 км на шестиот Велешки пливачки маратон на „Езеро Младост“ со време од 2:10:42 часа.
Втор на целта стигна ултрамаратонецот Александар Илиевски со постигнато време од 2:11:50:82.
Ултрамаратонците беа вистинска атракција на Меѓународниот Велешки пливачки маратон. Публиката со овации ги поздрави штом влегоа на целта. Двајцата пливачи веднаш штом се исправија во водите на езеро Младост меѓусебно си честитаа што дополнително предизвика реакции на бројните посетители кои денеска дојдоа од Велес, Кавадарци и Скопје со посебно внимание да го проследат спортскиот настан./У.Ј