Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

petrushevski fin

Со резултат од 96,03 секунди Ангелче Петрушевски беше најбрзиот кајакар на натпреварот што се одржа во саботата, на 17 август, во водите на река Вардар во центарот на Велес. Во натпреварот беа постигнати следниве резултати по категории :

Во дисциплината К-1/пионери, првото место го освои Стефан Рибарски ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја заврши Петар Радојковиќ ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија, додека третото место го освои Арун Небиовски ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина К-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски ККК „Вардар“ Велес, второпласиран Мартин Мазнев ККК „Вардар“ Велес, третото место го освои Коце Игнатов КК „Бабуна“ Велес.

Во дисциплина К-1/сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов КК „Бабуна“ Велес, второто место го освои Марко Кесиќ ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија, додека третото место му припадна на Виктор Миланов ККК „Илинден 90“ од Скопје.

kajak fin

Во дисциплина Ц-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја помина Лазар Цветковиќ ККК „Гусар“ Ниш Р. Србија, додека третото место го освои Мартин Мазнев ККК „Вардар“ Велес.

Во дисциплина Ц-1/сениори, првото место го освои Марко Кесиќ од КК „Гусар“ Ниш, втор беше Виктор Миланов КК „Илинден 90“ Скопје, додека трет патеката ја помина Вукота Радовановиќ ККК „Гусар“ Ниш Р. Србија.

Организатор на Кајак слалом натпревар „Велес Опен 2019“ е Кајак Кану Клуб „Вардар“ од Велес со финансиска поддршка на Општина Велес./А.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново