Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PELIVANI3 fin

Пеливанот Кадир Камбери беше прогласен за надобар и наградата за најдобра борба му беше доделена на пеливанот Дејан Митров од Штип за борбата со Муамет Асани од Кичево на Турнирот во пеливанско борење што за прв пат се одржа во Велес.

PelivaniKamberi fin

Двочасовниот спортски настан, организиран како придружна манифестација на 14 Фестивал на пита и вино се одржа денеска, сабота 21 октомври, во Младински парк во Велес. 

На турнирот учествуваа вкупно 24 пеливани од Чашка, Скопје, Кичево, Прилеп и Штип.

Pelivani Kocevski fin

На самиот почеток на спортскиот боречки натпревар Градоначалниот на Општина Велес, Аце Коцевски ги поздрави пеливаните и рече дека во село Бузалково ќе се подготви нов терен наменет за борење на пеливани како и дека Општина Велес и во иднина ќе се залага за подобрување на условите за развој на овој традиционален боречки спорт затоа што турнирите од овој тип претставуваат автентични настани кои поседуваат и многу елементи со културолошка заднина.

PELIVANI1 fin

Пеливанството како боречки спорт има долга традиција во велешкиот регион. Досега овој турнир се одржуваше во селото Бузалково, но поради непостоењето на соодветен терен годинава настанот се одржа во Велес во организација на Федерацијата на пеливанско борење на Република Македонија, Општина Велес и Пеливанскиот клуб „Пеливан" од Велес, како технички организатор./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново