ЕП во ракомет: Македонија го доживеа првиот пораз од селекцијата на Шпанија
Објавено на 22 јануари, 2018 во 08:34
Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство, откако на првиот натпревар од главната фаза загубивме од Шпанија со убедливи 20-31.
Шпанците од самиот старт тргнаа напаѓачки и направија предност која што ја надградуваа и одржуваа во целиот натпревар.
Во првото полувреме повреда заработи и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој потоа го пропушти остатокот од натпреварот.
Македонските ракометари во вторник ги очекува дуелот со Чешка, а в среда и последниот дуел од групата 2 против олимпискиот првак Данска.
На чело на табелата е Данска со 6 бодови , Шпанија и Германија имаат по 4, Македонија остана со 3, Чешка има 2, Словенија само 1 бод.