Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Mладиот надежен четиринаесет годишен кошаркар Андреј Ковиловски е единствен велешанец кој ќе биде дел од проектот „Заедно до М16“ на Кошаркарската федерација на Македонија. Ковиловски заедно со уште 29 селектирани кошаркари ќе учествува на Меѓународниот камп во Костанца, Романија што ќе се одржи во период од 28 Август до 02 Септември годинава.

 

Проектот „Заедно до М16“ е меѓународен и го организираат кошаркарските Федерации на Романија, Турција, Бугарија, Македонија и Косово.

Велешкиот млад спортист Ковиловски се избори за местото меѓу најдобрите триесеттина млади кошаркари на претходно организирани кампови во чии рамки се селектираа најголемите млади спортски надежи во државата.

Андреј Ковиловски висок е 187 сантиметри и тренира во велешки „Борец Баскет“./У.Ј

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново