Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Младиот ракометен ас Антонио Јаневски е велешанец кој макотрпно гради успешна спортска кариера. Тој е матурант на прва генерација на Спортската академија во Скопје. Во изминатите четири години младото момче, посветено на спортот и образованието, беше дел од ракометна паралелка на спортската гимназија „Методија Митевски Брицо“. Но воопшто не и е непознат на велешката спортска јавност бидејќи пред да седне во средношколската клупа Јаневски две години ги бранеше боите на клубот „Велес 2009“. Неговиот талент беше пресуден за првиот трансфер во младинската екипа на ракометниот клуб “ Борец“ додека постигнувањата на теренот и полнењето на противничките голови пак за преминување во младинската екипа на РК “ Вардар“ . Сега кога зад себе ја има и титулата најдобро лево крило на Ф 4 Јаневски треба да одлучи и тоа брзо каде ќе ја продолжи сопствената спортска кариера. Со него деновиве разговаравме и токму со таа тема го започнавме разговорот.

Дума: Велешанецот во скопски Вардар пред одлука ќе остане во Скопје или планира нов трансфер?

Јаневски: На ова прашање сеуште немам одговор. Имам понуди за кои што сеуште размислувам која од нив да ја прифатам. Двете можности се отворени и транферот и останувањето во Вардар. Ракометот е голема инвестиција. Спортскиот начин на живот е полн со одрекувања и вложување во него. Понудата која што ќе ја прифатам треба барем делумно да ми овозможи самостојност и можност за докажување. За еден спортист освен финансиската страна, од многу голема важност се и натпреварите и одиграната минутажа на терен, .

Дума: Кога ќе ја донесеш конечната одлука?

Јаневски: Хмм, многу е тешко да се донесе оваа одлука, посебно во македонски услови. Понудите кои што ги имам се разликуваат меѓусебе. Одлуката треба да ја донесам до крајот на оваа недела и се надевам дека ќе биде во најдобра насока за понатамошниот развој на мојата спортска кариера.

Дума: Најдобро младинско лево крило прогласено на Ф4 е само една спортска титула во твојата кариера. Како тоа влијае во моментите кога треба да се направи трансфер или да се остане во клубот чии бои сега се бранат ?

Јаневски: Успехот кој го имам постигнато, се должи на напорните тренинзи, пожртвуваноста и љубовта кон ракометот. Досега сум ги бранел боите на Велес 2009, на Борец и Вардар јуниор. Ракометот е тимска игра и успехот зависи од сите играчи и тренерот. Благодарен сум за довербата што ми ја укажаа клубот Вардар, тренерот и моите соиграчи. Се надевам дека со оваа титула ја оправдав довербата. Не смеам да ја заборавам и поддршката која што ја добивам од моето семејство. Поддршката на семејството и од трибините е многу важен фактор. Тие се мои главни и искрени критичари. Оваа титула од една страна е обврска да се одржи континуитетот, а од друга страна е силен мотив за понатамошни успеси. Се надевам дека управите на клубовите од кои што имам понуди ја знаат тежината на оваа титула.

Дума: Кон што се сега насочени целите на успешното ракометно крило Јаневски?

Јаневски: Успешна ракометна кариера е една од целите, меѓутоа не е единствена. Бидејќи оваа година матурирав, втората цел ми е да стигнам и до универзитетска диплома. Иако можеби моја примарна желба е професионална ракометна кариера, сметам дека е потребно да го дооформам моето образование со оглед на тоа дека во спортот не можете однапред да ја знаете должината на траење на кариерата. Таа и не зависи само од вас.

Дума: Каде се гледаш себе си во наредните 3 до 4 сезони ?

Јаневски: Можеби ќе биде премногу амбициозно ако кажам дека се гледам во некој од познатите ракометни европски клубови и како дел од македонската репрезентација. Најголем спортски успех за мене би било мое лично учество на Олимписки игри. Се надевам дека нашата генерација ќе добие ваква шанса да учествува на Олимпијада.

Дума: За крај, кој е твој омилен европски клуб и ракометар ?

Јаневски: Омилен европски клуб ми е Kielce, а ракометар германецот Uwe Gensheimer . Сепак кога Вардар се натпреварува со Киелце навивам за Вардар.

Убавка Јаневска

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново