Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Велешкиот кошаркарски клуб „Борец“ и новиот сопственикот на Ќиро Ќучук, компанијата „Еуро Брик“  денеска потпишаа договор за спонзорство, односно долгорочно финансирање на клубот. Но спонзорите не открија детали од договорот, потребно било да се направи комплетната стратегија па дури потоа да излезат со информации за финансиската поддршка на клубот. Сопственикот  на компанијата, како бивш кошаркар, одлучил токму во овој клуб да ги вложи своите пари.

„Нас ни е голема чест што еве со вој чин имаме можност да придонесеме за развојот на спортот во Велес . Ние како локална компанија се надеваме дека и во иднина ќе учествуваме во вакви активности не само во спортот се надевам и во културата . Кошарката е бренд во Велес и ние одлучивме дека треба да ја продолжиме таа традиција и се надевам дека со помош на нашите стручни тимови ќе имаме можност да гледаме добра кошарка во Велес и дека во наредниот период клубот во Велес ќе има доста млади кошаркари и во иднина може ќе претставуваат и база на нашите репрезентации во државата“, рече сопственикот на Еуро Брик, Бајрактар Абдураи.

Од кошаркарскиот клуб Борец се задоволни од поддршката на компанијата Еуро Брик и сметаат дека на овој начин ќе станат стабилен клуб и во иднина од втора ќе преминат во прва лига.

„ Многу сме благодарни на компанијата што одлучи во рамки на својата општествена одговорност да вложи во клубот. Се надеваме дека нашиот клуб ќе биде еден стабилен клуб и ќе биде гордост за сите велешани. Не треба да се брза навистина имавме убав успех минатата година , но поради недостиг на средства не успеавме, рече Васко Бојчев, КК Борец.

На потпишувањето на договорт помеѓу компанијата „Еуро Брик“ и КК „Борец“ , присуствуваа и градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново