Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Еден сосема поразличен карате стил од сите досегашни кои се негуваа во Велес проследи публиката која во петокот вечерта, на 18 март, беше присутна во поливалентниот простор на основното училиште „Блаже Конески“. Тогаш се одржа презентацијата на вештините на карате стилот Окинава од страна на каратистите од клубот во Велес. Тоа се случи пред официјалното полагање на каратистите на кое беше присутен и Милан Димитриевски со својот асистент од Белград. Презентацијата на велешките Окинава каратисти ја проследија карате мајстори од останати клубови и стилови од Велес и од Македонија.

„Тоа е стил применлив во блиска борба или дистанца, кој гради здраво тело и ги зајакнува самодовербата и здравјето. Сега за разлика од лани каратистите се понапред во усовршените вештини. Тоа е основното. Ние тежнееме кон совршенство. Имаме и поголем број на членови што особено не радува, не станува збор за мали деца туку за тинејџери што знаат што сакаат и веќе се длабоко навлезени во оваа вештина,“ рече инструктор Боре Видевски.

Тој го потенцираше напредувањето во вештините на каратистите кои исто така имаа можност да посетат семинари што, лани во јуни и август, се одржаа во Белград под будното око на ши хан, мајстор Милан Димитриевски инаку еден од најголемите мајстори на овој вид на карате вештини на Балканот.

Оваа вештина се учи бавно но сигурно, рекоа каратистите кои беа демонстратори а потоа и дел од нив полагаа пред Окинава мајстор Димитриевски.

„Ние во Белград имаме голема традиција, четириесет години со Окинава карате. Но, имаме пријатели како што е Боре Видевски во Македонија и уште многу други во други држави. Ако се земе во предвид дека основната цел на оваа карате вештина е усовршување и ширење на пријателство тогаш морам да кажам дека секогаш кога ќе дојдам во Велес и покрај емоциите што ги носам во себе гледам како се усовршува квалитетот на стилот. Истото важи и за бројот на членови кои се зголемува. Овде има најјаки човечки потенцијали затоа што педесет отсто од членовите се јуниори и исто толку се сениори. Она што е важно да се потенцира е дека јуниорите даваат енергија и залет а сениорите стабилност. Тоа говори за добриот баланс помеѓу младите и старите членови. Инаку ова е една флексибилна вештина што може да ја тренира и усовршува секој човек со оглед на својата возраст и здравствена состојба,“ рече Димитриевски.

Неговата прва оценка, пред почетокот на полагањето, беше дека генерално од лани, од месец октомври до сега во голема мера е подигнат квалитетот на каратистите. Димитриевски го спомна и писмото што инструктор Боре Видевски, пред две недели, го добил од најголемиот светски мајстор за Окинава карате Тошиго Хига, десети дан црн појас што значи дека е информиран за личните постигнувања на мајстор Видевски како и за квалитетот на Окинава карате вештините во Велес./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново