Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Како што февруари годинава имаше еден ден повеќе, така да има што повеќе одбојкарски натпревари во градот, посакаа вчера велешани кои присуствуваа на одбележувањето на светскиот ден посветен на овој спорт. Промотивни одбојкарски натпревари се играа цел ден на паркетот на спорската сала во основното училиште „Блаже Конески“ меѓу најмалите односно школските екипи потоа младинци и екипата на градскиот клуб „Виола Волеј“. На крај круна на манифестацијата беше играта на ветераните, одбојкарите и одбојкарките кои се запишани како дел од спортската историја на градот.

„ Сакаме да го искористиме овој ден за поголема афирмација на одбојката. Како одбојкарски клуб „Виола волеј“ сакаме да дадеме свој допринос за поголема афирмација на одбојката затоа што Велес одсекогаш бил одбојкарски град. Порано Велес машката екипа на Железничарски клуб „Борец“ играше во прва лига на поранешна Југославија. Женската одбојкарска екипа на Борец играше во втората југословенска лига. Сега се доведовме во ситуација во која градот нема ниту машка ниту женска екипа и тоа е жално за една таква голема традиција. Масовноста е таа која што треба да поттикне овој спорт да се развива“, рече Јованче Манасков.

Тој препозна афинитети кај повеќемина млади луѓе во Велес и посака поголемо внимание од страна на поддржувачи на одбојката со единствена цел повторно да се создадат квалитетни тимови на машки и женски одбојкарски екипи. За тоа ќе биде потребно поддршка од поединци но и институции, особено од сопственици на фирми подготвени финансиски да ги поддржат талентите што градот ги има.

Синоќа на паркетот во спорската сала на училиштето Блаже Конески беше интересно да се погледне како ветераните мажи и жени, од тимовите на поранешните одбојкарски клубови на Велес, дојдоа и одиграа натпревари со талентираните младинци.

На овој начин ветераните први ја дадоа поддршката за возобновување на одбојката во Велес. Поранешните први шесторки на одбојкарските клубови на Борец, мажката и женската, на паркетот беа повозрасни но не и аутсајдери.

На мрежа но и во одбрана одлично се снајдоа одбојкарките Пепита Павловска Стојковска, Сузана Лапевска, валентина лапевска, Славица Цаца Костова, Мирјана Андреева , Радмила Ончева , Силвана Ончева, Лилјана Гугинова, Лујза Маџуркарова.

Во одлична кондициција беа и поранешните одбојкари на Борец, Душан Анѓушев, Сазде Ботарев , Љупче Гинов, Ристе Трајковски, Драган Михајлов, Зоран Гинов, Љупчо Настов, Зоран Игнов, Слободан Марковски , Јованче Манасков, Златко Жабев , Сашко Миланов и Ѓоре Зафиров.

Инаку, спортскиот ден на одбојката го организираше Европската Одбојкарска Конфедерација ЦЕФ под мотото „Ден повеќе за одбојката“./Д.С

 

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново