Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Филип В'чков од клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци е спортист на годината за 2015 година. Почестите на изборот на спортист на годината В'чков ги обезбеди со успешните настапи на балканското првентво во кик бокс од кое се врати со сребрен медал, и деветте медали од државните првенства, од кои 6 златни, 2 сребрени и еден бронзен.

Најдобар млад спортист за 2015 година е Теодора Мицева, која успешната година ја комплетираше со шампионскиот наслов во женски дубл на меѓународниот тениски турнир „Национал Спорт Парк Опен“ во Тирана, Албанија. Најдобра екипа за изминатата година е кошаркарската академија на „Фени Индустри“, наградата за најдобар тренер сосема заслужено заврши кај Ивана Аврамова од карате клубот „Урбан Инвест“, а најдобар спортски работник е Милан Колев. Мики Виденовиќ е најдобар спортски новинар, меѓународниот тенискиот турнир „Црна Река Опен“ е прогласен за настан на годината, додека кошаркарскиот тим при гимназијата „Добри Даскалов“ е прогласен за најдобар училишен колектив. Ванче Шиков е најдобар македонски интернационалец, а посебни признанија за поддршка на кавадаречкиот спорт му беа врачени на градоначалникот Александар Панов, компанијата „Кожувчанка“ и на Петар Ангелов.

Од колективните спортови, за најдобар фудбалер беше прогласен Горан Стојановски, за најдобар ракометар Ѓорѓи Велков, а за најдобар кошаркар Милан Милков.

Наградите и признанијата на најдобрите му ги врачија Борче Ѓорѓиев, претседател на Сојузот на спортови на град Кавадарци, Ристо Сакалиев и Зоран Јованчев, советници во Советот на општина Кавадарци и кавадаречките спортски гордости, Петар Ангелов и Ванче Шиков.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново