Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pobednici naslovna

Свеченоста се одржа на крајбрежјето на езерото кога официјално организаторите, Организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“, како и поддржувачот Општина Велес ги прогласија победниците на Меѓународниот пливачки маратон.

Mazi1 fin

Во категоријата пливање на патека долга 2.500 метри во категоријата мажи победи Борјан Давковски од Пливачки клуб „Нептун “ со резултат од 36:32 минути, второто место го освои Давид Јорданов од Пливачки клуб „Орион“ со време од 36:38 минути а на третото место се пласираше пливачот на Пливачки клуб „Степ“ од Приштина, Косово, Сидрит Деску со време од 38:27 минути.

Zeni25km fin

Во категоријата женско пливање на патека долга 2.500 метри победи Калина Стојановска од Пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје со време од 36:30 минути а второт место го освои Антонија Андоновска од Пливачкиот клуб „Челични“ со време од 56:31 минути.

Mazi10km fin

Најдобар во категоријата маратонско пливање на 5000 метри беше Андреј Стојановски од Пливачки клуб „ Нептун “ со време од 1:05:40:58 час, второто место го освои пливачот Божидар Мирчевски од Пливачки клуб „ВИП Работнички“ со време од 1:14:13:93 час и третото место Петар Краљевски од Пливачки клуб „Аква“ од Куманово со време од 1:33:39 час.

zeni5km fin

Кај жените пливачки во маратон долг 5000 метри прва на целта стигна Јана Костандиновска од Пливачкиот клуб „Младост“ со време од 1:14:35 час, второто место го освои пливачката на клубот „Младост“ Калина Стојчевска со време од 1:24:51 час и на третото место се пласира пливачката Лина Јордановска од Пливачки клуб „ Младост“ со време 1:33:45 час.

Ultramaratonci fin

Дипломи, медали, пехари и парични награди добија и Ултрамаратонците Евгениј Поп Ацев од Пливачкиот клуб „Вардар“ кој со време од 2:10:26:42 часа го освои првото место во маратонската трка на 10.000 метри и второ пласиран е Александар Илиевски од Пливачки клуб „Нептун“ со постигнато време од 2:11:50:82 часа.

На победничкиот пиедестал се искачија тројцата победници во категоријата пливачи аматери кои се натпреваруваа на патека долга 2.500 поточно првопласираниот Дарко Поп Ацев, второпласираниот Јордан Иванов и третопласираниот Толга Демирџан од Република Турција.

Maraton fin

За организацијата, безбедноста и техничките предуслови кои ги поседуваа патеките за пливање на „Езеро Младост„ организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“ и поддржувачот Општина Велес ги добија сите пофалби на домашните и пливачките клубови од Бугарија, Турција и Косово.

Bugarka fin

- Условите што ги поседува „Езеро Младост“ за одржување на пливачки маратони сосема одговараат на европските стандарди. Сакам да кажам дека овде, кај вас, можат да се организираат еропски пливачки маратони, рече тренерот и меѓународна судијка Андријана Прокопиева од Бугарија.Таа и Васил Велков беа годинешни Врховни судии на маратонот.

Градоначалникото Аце Коцевски изјави дека штом се презадоволни учесниците на маратонот тогаш и тој е задоволен и мотивиран по исполнување на ветувањето за организација на Меѓународен пливачки маратон кој е и најпосетен од година тој да биде издигнат на уште повисоко професионално ниво.

Kocevski fin

- Нашите амбиции се секоја година се повеќе да расте маратонот, со македонската пливачка легенда Томи Стефановски да формираме пливачки клуб и во Велес од кој ќе произлезат и репрезентативци кои ќе потекнуваат од градот Велес, рече Коцевски.

Topurkovski fin

maratonodvoda fin

Шестиот Велешки пливачки маратон, прв од меѓународен карактер, го проследија над 300 љубители на маратонското пливање од Велес, Штип, Кавадарци и од Скопје заедно со гости од Косово, Бугарија и Турција../У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.