Велешкиот стадион „Зоран Паунов“, попладнево, ќе биде епицентарот на фудбалска Македонија
По долги 18 години , попладнево од 17 часот, на градскиот стадион „Зоран Паунов“ фудбалерите на „Борец“ за прв пат како домаќини на натпревар во Првата македонска фудбалска лига ќе одиграат натпревар. Ривал им е најтрофејниот македонски клуб „Вардар“. Тоа не е дерби на второто коло на Првата македонска фудбалска лига но избраниците на тренерот Горазд Михајлов се подготвени за голема битка. Судија на натпреварот е Јосип Бартон од Скопје.
Фудбалските фанови во Велес и навивачката група „Гемиџиите“ подготвуваат спектакал. На социјалните мрежи се споделуваат покани и се бодрат што поголем број на граѓани да дојдат на натпреварот. Се очекува бодрење со „Ајде, ајде Борец“ од најмалку 4 илјади фанови.
Домаќините несомнено дека ќе ја имаат големата поддршка од дванаесеттиот играч, кој наместо на теренот ќе се наоѓа на трибините на стадионот.
Бесплатен е влезот за овој натпревар.
Фановите очекуваат публика помеѓу 4 и 5 илјади граѓани и секако спектакл за враќањето на „Борец“ во Првата македонска фудбалска лига.
Натпреварот ќе може да се проследи и преку директен телевизиски пренос на МРТВ и Арена Спорт./А.Ј