Македонско пиво со поддршка за спoртот во Кавадарци
Успешно заврши кампањата НАШЕ ПИВО, НАША СТРАСТ! Организирана од Наше Македонско Светло Пиво за поддршка на спортот и подигнување на спортскиот дух.
Денеска на ГФК Тиквеш, ракометниот клуб „Тиквеш“ и КК „Фени“ како и на навивачката група „Лозари“ им беа врачени ваучери со финансиска поддршака. Кампањата започна минатата година и се реализираше до 30 јуни годинава.
Со секој продаден литар Македонско пиво се одвојуваа по 2 денари за поддршка на спортот.
„Ова е уште еден успешно завршен општествено одговорен проект со кој го афирмираме клубскиот спорт во Кавадарци“ рече на денешното доделување на ваучерите Ратко Мицев, од компанијата „Кожувчанка“.
По 80 илјади денари добија ГФК „Тиквеш“, Ракоемтниот клуб и кошаркарскиот клуб, додека 26 илјади денари доби навивачката група „Лозари“./A.Д