Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Fudbalerki1 fin

Резултатите во спортот не зависат само од екипираноста на тимот, напорната работа, воља и желба за победа, туку и од тоа колку пари се вложуваат во него. Со група од седумнаесетина девојчиња, вљубенички во фудбалот, се стреми кон победи Женскиот фудбалски клуб „Борец“ од Велес. Нивниот ентузијазам и желба за овој спорт се пресликува на терен каде секојдневно ги тренира поранешниот фудбалер Тоше Нацев. Со само еден спонзор успеваат да ги „бијат битките“ на фудбалските игралишта во Велес и во другите градови во државата. И не се жалат премногу туку велат дека им недостига опрема за тренинг.

fudbalerka fin

Фудбалерките на ЖРК „Борец“ се подготвуваат за тренинг

- Јас тренирам веќе една година и можам да кажам дека условите се добри. Единствено што ни недостига тоа е опремата, дресови нови и слично, вели фудбалерката Александра Јовановска.

И тренерот Нацев смета дека на клубовите им недостасуваат финансии.

Tose Nacev fin

Тренерот на ЖФК „Борец“, Нацев, на тренинг на екипата

- Финансиите се многу значајни. Кој клуб има финансии тој постојано е првак, ги собира најдобрите девојчиња и затоа клубот е најдобар во текот на годината. Проблермите на финансиски немоќните клубови се во следново ако не најдат спонзор за наредната година тогаш ги губат фудбалерките кои преминуваат во клубови кои се финасиски помоќни. И така, едноставно се вртат од клуб во клуб. А треба да ги сочуваме во матичниот, каде започнале да тренираат и да стекнуваат фудбалски вештинии. Тимот кој не се променува е победнички, се разбира кога се појачува со квалитетни играчи, рече Нацев.

Во буџетот на општина Велес за годинава предвидени се 1.750.000,00 денари за поддршка на спортот во градот.

Gradonacalnik Kocevski fin

Градоначалникот Аце Коцевски дава изјава за „Читај и меѓу редови“

-Програмата за активности на општина Велес во областа на спортот за годинава димензионирана е на 9.030.000 денари. За поддршка на училишен спорт предвидени се средства во висина од 300.000 денари. Со 350.000 годинава ќе ги финансираме младите екипи за користење на спортски објекти, рече градоначалникот Аце Коцевски.

Вака Градоначалникот се огради од целосно финансирање на спортските клубови за кои смета дека треба да имаат спонзори. Парите од општинскиот буџет, според него, треба да се вложуваат во развој на училишниот и рекреативниот спорт во градот.

AmblemnaZFKBorec fin

ЖФК „Борец“ го освои првенството и купот на Македонија во 2009 и 2010 година и така го промовираше градот во Лигата на шампиони. Сега неизвесно е дали ќе го повтори овој успех ако во иднина не привлече повеќе спонзори.

Автор : Јована Јовановска, ученичка во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес
Во подготовката на текстот помагаа: Енис Јајов, Борис Јанев, Сајма Лековиќ и Андреј Марков, ученици во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес

slika

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново