ЕП во ракомет: Македонија против Данска, вечерва, без Кире Лазаров
Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува.
На Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.
Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите.
Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.
Мечот Данска – Македонија се игра од 18.15 часот.