Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонија во фантастичен и напнат меч ја победи Словенија во првиот меч од Европското првенство во Хрватска со резултат 25:24.

Македонија тешко го почна мечот, со првите два гола постигнати од пенали, а првиот гол од игра го постигнавме дури во 13. минута од натпреварот.

Клучниот потег го направи Раул Гонзалез со вадењето на Борко Ристовски, на негово место влезе Никола Митревски кој со серија фантастични интервенции им даде крилја на нашите ракометари.

Иако тешко одеше првото полувреме, ракометарите пред крај се консолидираа, па успеавме да дојдеме до реми на одморот 11:11.

За разлика од првиот дел, нашите ракометари одлично го почнаа второто полувреме. Продолжија како што завршија, па направија серија од четири гола и имаа водство од 15:11.

Словенија првиот гол во второто полувреме го даде дури во шестата минута од натпреварот во момент кога Македонија имаше тројца исклучени ракометари.

Тогаш Словенците резултатски се изедначија и натпреварот повторно продолжи тензично.Сепак, на крај нашата репрезентација беше поуспешна и дојде до победата од 25:24.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум голови, седум постигна Кире Лазаров. Никола Митревски беше еден од хероите на мечот, нанижа девет обрани, Борко Ристовски имаше четири.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново