Заев: Честитки до ФК Вардар за пласманот во Лига на Европа
Објавено на 24 август, 2017 во 21:34
Победата на Вардар против Фенербахче и историскиот пласман во фазата по групи од Лига Европа ги крена на нозе сите. Премиерот Зоран Заев, преку својот профил на Твитер и Фејсбук наведе дека ова е голем ден за фудбалска Македонија.
„Вардар ни приреди вистинско уживање на сите и ова е голем ден за македонскиот фудбал. Честитки и за Шкендија за добрата игра и остварениот успех“, напиша Заев.