Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во средината на месец јуни, годинава, Велес ќе биде домаќин на одбојкарскиот турнир на кој селекцијата на Македонија ќе ги одмери силите со Шведска, Азербејџан и Албанија . Турнирот од 16 до 18 јуни ќе се одржи во салата „Ѓемиџии“. Вака одлучи Управниот одбор на ОФМ. Информацијата денеска во Велес ја соопшти генералниот секретар на Одбојкарска Федерација на Македонија.


- Одбојкарскиот клуб Борец годинава слави 60 години од формирањето. Тој имаше светли моменти, успони и падови, а она што е многу значајно за ОФМ е тоа што по периодот на стагнација Борец ја враќа одбојката во градот. Се враќа и клубот и тоа е многу важно за ОФМ. Тоа што Борец има една успешна сезона зад себе со освоено третото место во машка категорија ние одлучивме во Велес да се одржи еден европски спортски настан, рече генералниот секретар на ОФМ,Зоран Карановиќ.

Станува збор за турнир со кој сениорската машка репрезентација учествува во 14-тото издание на Европската одбојкарска лига. Тој на Македонија и овозможува четврто учество и можност за влегување во завршницата во Копенхаген Данска.

Како домаќини велешани добија можност да ги видат најдобрите европски одбојкари. Познати се и паровите на турнирот. На 16 јуни Македонија игра против Азербејџан, на 17 јуни со Албанија и на 18 јуни со Шведска. Почетокот на сите три натпревари е во 19,30 часот. /У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново